Продолжуваат натпреварите во Првата кошаркарска лига

Од:

Во една недела пауза поради завршниот турнир во Купот на Македонија нашите најдобри екипи денес ги продолжуваат натпреварите во Првата кошаркарска лига.

Двете најинтересни средби од 18 коло ќе се одиграат во Скопје. Во„Јане Сандански“ претстои  реприза на полуфиналето од купот, шампионот МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Кожув, додека во„Градскиот парк“ гостува Фени Индустри.

Куманово со нов тренер ја пречекува Струмица, а Карпош Соколигостува во Гевеглија кај Бест.

Двојки 18.коло:
17 часот: Работнички – Фени Индустри,
18 часот: Бест – Карпош Соколи,
19 часот: Куманово – Струмица.

Дополнително ќе биде одреден терминот за средбата МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.

Табела: МЗТ Скопје 32 бода, Карпош Соколи 30, Куманово 29, Фени Индустри 27, Кожув 25, Работнички 24,Струмица 20 и Бест 17.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос