Продолжуваат натпреварите во кошаркарската Суперлига

Од:

По бројните одложувања и препирања во јавноста кој е во право, а кој не, конечно во македонската кошаркарска Суперлига викендов ќе се играат натпревари.

На програмата се натпреварите од 3.коло. Првиот кој ќе се игра во Гевгелија, екипата на Кожув ќе се обиде да му се реваншира на Работнички за поразот во финалето на Купот на Македонија.

Во недела, во Куманово, кај истоимената екипа гостува актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, додека составот на Карпош Соколи го пречекува кавадаречки Фени Индустри.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 19 часот.

Според договорот на клубовите, трите натпреварите кои требаше да се играат во првото и второто коло, ќе се играат во првиот слободен термин.

Во пресрет на ова коло, изгледот на табелата е следниот: МЗТ Скопје А. 32 бодови (18 одиграни натпревари), Фени Индустри 29 (18), Работнички 28 (17), Карпош Соколи 27 (16), Кожув 26 (17) и Куманово 26 (16).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос