По нешто повеќе од четири месеци пауза, продолжуваат квалификациите за Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во Русија 2018 година.
Денеска на програмата се девет средби од петтото коло во три квалификациски групи.
За македонската јавност, најинтересни се дуелите во Г групата, во која покрај мечот во Вадуц меѓу Лихтенштајн и Македонија вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути ќе се играат и натпреварите, Шпанија – Израел и Италија – Албанија.
На табелата на првите две позиции се Шпанија и Италија со по 10 освоени бодови, трет е Израел кој досега собра 9, а по него следува Албанија со 6, додека Македонија и Лихтенштајн без освоен бод.
Во другите две групи денеска ќе играат:
Д група: Грузија – Србија (од 18 часот), Р. Ирска – Велс и Австрија – Молдавија (од 20:45 часот).
Табела: Република Ирска 10 бодови, Србија 8, Велс 6, Австрија 4, Грузија 2, Молдавија 1.
И група: Турција – Финска (од 18 часот), Косово – Исланд и Хрватска – Украина (од 20:45 часот).
Табела: Хрватска 10 бодови, Украина 8, Исланд 7, Турција 5, Финска 1, Косово 1.