Двете најдобри екипи во македонската кошарка, МЗТ Скопје Аеродром и Куманово, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ја продолжуваат финалната серија во плеј офот. Бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром по триумфот во саботата на гостински терен го изедначи резултатот на 1-1 во победи и ја врати предноста што ја носи домашниот терен.
Сепак, во досегашните две средби од финалната серија која се игра до три добиени средби, домашниот паркет не се покажа како предноста за домаќинот, бидејќи на стартот на финалето МЗТ Скопје загуби со 87:84, а потоа Куманово пред полни трибини не успеа да го валоризира брејкот од Скопје и беше поразен со 75:82.
Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Следниот меч во Куманово ќе се игра в петок (27 мај), додека евентуалната мајсторка на програмата е закажана за во Скопје на 29 мај.