Продолжува доминацијата на Хамилтон во Формула 1 шампионатот

Од:

Британецот Луис Хамилтон побдеи на денешната трка во Имола возена за Големата награда на Емилија Ромања.

За Хамилтон ова е 93. победа во кариерата, 10-та оваа сезона и 72 како возач на Мерцедес.

Клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас го освои второто место, додека трет беше Даниел Рикардо.

Тимот на Мерцедес со новите бодови на неговите пилоти, по 13 трки во сезоната ја обезбеди седмата шампионска титула по ред во конкуренција на конструктори.

Место во првите 10 уште обезбедија: Данил Квјат од Алфа Таури, Шарл Леклер од ферари, Серхио Перез од Рејсинг Поинт, Карлос Сајнц и Ландо Норис од Мекларен, Кими Раиконен од Алфа Ромео и Антонио Џовинаци исто така од Алфа Ромео.

Во Генераалниот поредок лидер е Хамилтон со 282 бода, Ботас има 197, трет е Макс Верстапен со 162.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур