Продложува борбата за полуфиналето во Евролигата

Од:

На трите натпревари одиграни синоќа во кошаркарската Евроига победи постигнаа домашните екипи и воедно ја продолжија борбата за пласман на завршниот „Фајнл фор“ турнир.

Европскиот првак Олимпијакос во неизвесен натпревар го победи Реал Мадрид со 78:76. Со овој триумф Олимпијакос намали на 2-1 во победи за Реал.

Во Атина и Панатинаикос беше подобар од ЦСКА Москва со 65:59 и воедно се избори за натпревар број 4, а рускиот тим има предност од 2-1 во победи.

Макаби постигна најубедлива победа со 75:63 совладувајќи ги Емпорио Армани и поведе со 2-1 во победи и следниот натпревар го игра на домашен терен.

Следните натпревари на програмата се утревечер, а играат: Олимпијакос – Реал Мадрид, Панатинаикос – ЦСКА Москва и Макаби – Емпорио Армани.

Пласман во полуфиналето досега има изборено единствено Барселона.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска