Привршуваат подготовките за 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015

Од:

Привршуват подготовките за почетокот на 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015, што од утре до 15 август ќе се одржува на ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга.

Спортскиот директор на Струшкиот ракометен турнир Сашо Србиноски вети дека и оваа година љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат интересни ракометни соочувања на познати екипи.

– Како организциски одбор се потрудивме и мислам дека успеавме и оваа година да го задржиме вниманието на ракометната јавност со квалитетот на екипите и нивното име, но и историјата на клубот, нагласи Србиноски.

Годинашни учесници се Бешикташ, Динамо Букурешт и македонскиот вицешампион Зомимак-Струмица, кои ќе настапат во првата група, додека во втората се Сесон од Франција, Бенфика од Португалија и шамионот на Египет и Африка – Ел Замали.

– Покрај ракометните возбудувања на овие екипи ќе бидеме сведоци на неколку ревијални натпревари. Турнирот ќе биде отворен со ревијален натпревар меѓу домаќинот Струга и членот на првата македонска лига Работник од Битола, екипи од ист ранг на натпреварување, истакна Србиноски.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa