Со тројката на Јоргос Принтезис со звукот на сирената Олимпијакос синоќа ја совлада Барселона со 71:68 во рамките на четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на кошаркарската Евролига. Со овој триумф Олимпијакос обебзеди 3-1 во добиени натпревари и учество на завршниот турнир. Принтезис постигна 14 поени, а најефикасен беше Василис Спанулис со 17.
Вчера пласман на Ф4 турнирот што ќе се игра во Мадрид обезбеди и Реал откако во натпреварот број 4 го победи Анадолу Ефес во Истанбул со 76:63 и со вкупни 3-1 во победи го елиминира турскиот тим.
Во полуфиналето од кошаркарската Евролига на 15.мај ќе играат: Реал Мадрид – Фенербахче и ЦСКА Москва – Олимпијакос. На 17 мај ќе играат дуелот за третото место и финалето.