Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Од:

Десет членови на УО на ФФМ, од вкупно 16, доставија барање до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, за закажување итна седница, на која ќе бидат информирани за последните случувања и бараат коодринација околу ставовите и одлуките на Федерацијата, за кои не биле информирани.

Безмалку две третини од членовите на УО бараат од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, во најбрз рок да закаже седница на УО.

„Во изминатиов период се случија неколку активности на Фудбалската федерација на Македонија за кои ние како членови на УО на ФФМ не сме информирани и не сме координирани околу ставовите и одлуките на Федерацијата, иако како членови на ова тело на Федерацијата обврска ни е да носиме заеднички одлуки и ставови. Поради тоа што веќе подолго време немаме одржано седница на УО на ФФМ, ние како долупотпишани членови на овој орган на Федерацијата денеска имавме заедничка средба на која излеговме со следните заклучоци и барање кон Вас како претседател на ФФМ“, стои во дел од барањето на членовите на УО до претседателот на ФФМ.

Претседателот Муамед Сејдини неодамна беше нападнат од непознати лица пред ресторанот „Балканика“, нападот го пријави во полициска станица, а потоа замина во Нион на средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот сајт потврди дека во текот на денешниот ден е пристигнат допис до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, со кој дел од членовите бараат закажување итна седница на УО на ФФМ. Согласно статутот, претседателот има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето.

„Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница.

Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно.

Јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Повлечен дипломатсиот пасош на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија