Претставена втората генерација на Дачија Логан МЦВ

Од:

Дачија на Саемот на автомобили во Женева премиерно ја претстави втората генерација на Логан МЦВ.

Новиот Логан МЦВ е просторен караван со пет седишта, кој нуди просторност, практичност и удобност. Логан МЦВ  со должина од 4,49 метри, нуди багажниот простор од 573 литри, што може да се зголеми до 1.518 литри. Во задниот дел може да собере предмети и до 2,7 метри должина.

Логан МЦВ доаѓа со два бензински мотори. Добро познатиот 1,2 литарски 16 вентилски мотор со 75 коњски сили и новиот трицилиндарски турбо бензинец Тце 90. Моторот Тце 90 е 15 килограми полесен од конвенционалните мотори со иста моќност. Поторшувачката на овој бензинец е рекордно ниска и во просек изнесува 4,2 литри на 100 километри и еднакво ниска емисија на штетни гасови од 112 грама на километар.

Достапен е и 1,5 литарски дЦи дизел мотор со 90 коњски сили. Оптимизираниот дизел мотор троши 3,2 литри на 100 километри со многу ниска емисија на штетни гасови од 99 грама на километар.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска