Претставена унапредената верзија на „БАК Моно“ за 2016 година

Од:

Егзотичниот британски производител на спортски автомобили – „БАК“, на манифестацијата „Pebble Beach“ ја изложи унапредената верзија на својот едносед „Моно“, што со својот дизајн потсетува на автомобилот на Робин, помошникот на Бетмен.

Британците се познати по малите компании што изработуваат тркачки модели со три и четири тркала, но и спортски автомобили што можат да се возат по јавните сообраќајници.

Станува збор за лесни возила со ниско тежиште, што благодарение на своите конструкторски карактеристики и извонреден однос сила-маса, се многу ценети кај вистинските фанови на спортското возење.

Еден од таквите автомобили е и „БАК Моно“. Моделот за 2016 година беше претставен кон средината на месецов пред американските вљубеници во спортски модели.

Придвижуван е од 2.5-литарски четирицилиндерски мотор што произведува 305 кс, што е за 25 кс повеќе од претходната верзија што беше опремена со 2.3-литарски „Cosworth“ мотор.

Ако се знае дека автомобилот е тежок само 580 килограми, со едноставна пресметка се доаѓа до извонреден резултат од 526 кс на еден тон.

Компанијата „БАК“ на купувачите на овој необичен автомобил, меѓу другото, им нуди волан по желба и седишта направено по нивна мерка.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска