Претпоследно коло од кошаркарската Прва лига

Од:

Екипите од Првата кошаркарска лига попладнево и вечерва ќе ги одиграат натпреварите од 27.коло (претпоследно). До крајот на регуларниот дел останува уште едно коло, а потоа ќе почне плеј офот во борбата за титулата.

Првакот МЗТ Скопје Аеродром има тешко гостување кај екипата на Куманово, која веќе еднаш во ова првенство славеше победа на домашен терен надшампионот. Почетокот на дуелот е во 19 часот. Во истиот термин во Гевгелија се игра „градското“ дерби на двата тима од Гевгелија Кожув и Бест.

Во СЦ „Борис Трајковски“ Карпош Соколи е домаќин на Фени Индустри и со победа ќе го потврди местото број 2 за плеј офот. Почетокот на дуелот е во 18 часот, а во истиот термин играат и Струмица – Работнички.

Табела: МЗТ Скопје А. 50 бодови, Карпош Соколи 45, Куманово 44, Фени Индустри 43, Кожув 37, Работнички 36, Струмица 31, Бест 26.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос