Претпоследна рунда во кошаркарската Евролига

Од:

Во кошаркарската Евролига денеска и утре на програмата се натпреварите од претпоследното 9.коло од првата фаза по групи.

Неколку екипи имаат шанса уште по оваа рунда да обезбедат пласман во следната фаза (ТОП 16), во која досега сигурно учество имаат изборено десет екипи: Фенербахче (А група),  Олимпијакос, Лаборал, Анадолу Ефес (Б група), Барселона, Локомотив Кубан, Жалгирис (Ц група) и ЦСКА Москва, Уникаха и Бамберг (Д група).

Двојките за 9.коло во Евролигата:

А група: Баерн Минхен – Реал Мадрид, Стразбур – Химки и Фенербахче – Црвена Звезда (сите во петок).
Табела: Фенербахче 6-2 (победи-порази), Химки 4-4, Баерн 3-4, Црвена Звезда 3-4, Реал Мадрид 3-5, Стразбур 3-5.

Б група: Анадолу Ефес – Лаборал, Лимож – Олимпијакос (четврток), Цедевита – Емпорио Армани (петок).
Табела: Олимпијакос 7-1 (победи-порази), Лаборал 5-3, Анадолу Ефес 4-4, Цедевита 4-4, Армани 2-6, Лимож 2-5.

Ц група: Пинар Каршијака – Локомотив Кубан, Барселона – Жалгирис (четврток) и Панатинаикос – Зелена Гора (петок).
Табела: Барселона 6-2 (победи-порази), Локомотив Кубан 6-2, Панатинаикос 4-4, Жалгирис 4-4, Зелена Гора 2-6, Пинар Каршијака 2-6.

Д група: Макаби – Бамберг, Динамо Сасари – Уникаха (четврток) и ЦСКА Москва – Дарушафака (петок).
Табела: ЦСКА Москва 7-1 (победи-порази), Уникаха 6-2, Бамберг 5-3, Дарушафака 4-4, Макаби 2-6, Динамо Сасари 0-8.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска