Пресвртот на Турција против Шведска во режија на Акбаба

Од:

Турција забележа голема победа над Шведска синоќа во Стокхолм со резултатски пресврт, откако домаќините имаа водство со 2:0. Јунак во триумфот на Турците беше Емре Акбаба.

Фудбалерот на Галатасарај во игра влезе од клупата за резерви во 62. минута и во самиот финиш негативата на турската репрезентација ја претвори во победа.

Акбаба најпрво во 88. минута изедначи на 2:2, а потоа во третата минута од судиското надополнување и донесе победа на неговата земја.

Натпреварот се играше во рамките на Групата-2 во Б-дивизијата од Лигата на нации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска

Дешамп: Покажавме силен карактер

Ана Ололовска