Пресврт победа за Жалгирис

Од:

Кошаркарите на Жалгирис ја постигнаа четвртата победа во рамките на А групата од Евролигата. Тие вечерва во натпревар од 7.коло со пресврт во вториот дел успеаја да го совладаат домаќинот Нижни Новгород со 61:55. На полувремето домашната екипа имаше предност од 37:23, а во вториот дел гостите од Литванија беа подобри со 38:18. Најефикасен на дуелот беше Џејмс Андресон од Жалгирис со 18 поени.

На вториот натпревар кој заврши вечерва Ефес Пилсен го победи Динамо Сасари со убедливи 85:62.

Покрај овие два дуела вечерва се играат уште натпреварите: Цедевита – Лимож, Панатинаикос – Баерн, Барселона – Емпорио Армани и Валенсија – Галатасарај.
На вчера одиграните дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Реал Мадрид – Уникс 75:85, АЛБА – Уникаха 79:78, Макаби – ЦСКА Москва 61:84, Фенербахче – Туров 89:74, Црвена Звезда – Нептунас 79:62 и Лаборал – Олимпијакос 89:70.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос