Предлогот на ФИБА е неприфатлив

Од:

Осум национални и регионални кошаркарски натпреварувања, меѓу кои е и АБА лигата, одбија да го поддржат календарот за 2017 година кој го предложи ФИБА. Покрај тоа од ФИБА бараат да се воведе парична компензација за клубовите чии кошаркари настапуваат за националните селекции.

Во писмото кое го потпишале француската, германската, италијанската, грчката, литванската, шпанската, израелската и АБА лигата, стои дека клубовите се важни за копаркарските активности во светот и дека тие мора да бидат вклучени во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нивното функционирање.

На генералниот секретар на ФИБА, Патрик Баумен, тие му потенцирале дека кошаркарите мора да имаат едномесечен одмор и дека клубовите мора парично да бидат обесштетени за настапот на своите играчи за националните тимови.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос