Пред 25 години, Формула 1 го загуби Аиртон Сена

Од:

Денеска се навршуваат точно 25 години од смртта на еден од најголемите пилоти во Формула 1 – Аиртон Сена. Трикратниот светски шампион загина во несреќа за време на трката за Големата награда на Сан Марино на 1 мај 1994-та година.

Бразилецот беше вистинска икона во спортот со својата харизма и вештини зад воланот, а си замина на само 34 години. Тој освои 41 натпревари, 80 пати се качи на подиумот и запиша 65 освоени квалификации.

Викендот на Имола е еден од најтрагичните и најмрачни во историјата на Формула 1, откако во квалификациите загина Австриецот Роланд Раценбергер од екипата на Симтек, кој имаше несреќа движејќи се со над 300 километри на час.

Сепак трката се одржа следниот ден и малку по почетокот следеше инцидентот при кој и Сена го загуби својот живот, кој се натпреваруваше за Вилијамс. Сепак и досега тој продолжува да биде инспирација за младите пилоти и за навивачите на спортот.

– Секоја ера има некој кој го менува спортот и тој е еден од тие луѓе. Тој беше агресивен и посветен до точката на лудило. Но, имаше голема верба во себе, и мислам дека тоа е она што ги инспирира луѓето. Тој беше посакуван од сите тимови, затоа што секогаш извлекуваше најмногу од автомобилот. Понекогаш ја пречекоруваше границата, но за навивачите тој беше симбол на надеж за Бразилците, вели неговиот клубски колега во тоа време, Дејмон Хил.

Џони Херберт, кој беше дел од трагичната трка, исто сподели убави зборови за својот колега. Тој смета дека актиелниот шампион Луис Хамилтон има слични квалитети како легендарниот Бразилец.

– Го познавам од картинг и секогаш ќе се сеќавам дека тој ги правеше работите различно од останатите. Секогаш мислеше нестандардно. Токму оваа сила му помагаше да го извлекува максимумот од својот тим. Талентот и неговите вештини беа неверојатни и во моментов мислам дека само Луис Хамилтон има слични квалитети. На суво или влажно, во квалификациите или во трката, тој секогаш беше воден од амбицијата да покаже дека е најдобар, сподели Херберт.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес