Чезаре Прандели, селектор на фудбалската репрезентација на Италија, пешачел во среде ноќ 21 километар до манастир, веднаш по пласманот на својата екипа во четвртфиналето на Европското првенство.
Прандели пред почетокот на ЕП им ветил на монасите од манастирот Камалдолеса, во близина на Краков, дека ќе ги посети доколку Италијанците изборат пласман во нокаут фазата од натреварувањето.
Италијанците во последното коло од Ц групата ја победија Република Ирска со 2:0, а Прандели потоа одлучил да го исполни ветувањето.
Во манастирот пристигнал по три и пол часа пешачење, а во хотелот се вратил во утринските часови, но со автомобил. Италијанската репрезентација во четвртфиналето од ЕП ќе игра со селекцијата на Англија на 24 јуни во Киев.