Со одигрувањетпо на последните натпревари на квалификацискиот турнир во Нант, комплетирани се сите селекции кои ќе настапат на женскиот олимписки кошаркарски турнир во Рио летово.
Кошаркарските репрезентации на Белорусија, Кина, Франција, Шпанија и Турција обезбедија настап на Олимпијадата во Рио. Со тоа веќе петте селекции веќе ги знааат и своите противници на ОИ, откако Во март месец во седиштето на ФИБА во Минхен беше извршена и ждрепката.
Така, во А групата, покрај домаѓинот Бразил, ќе играат и селекциите на Франција, Јапонија, Австралија, Белорусија и Турција.
Топ фаворитките за златото Американките, за противнички во групата Б ќе ги имаат селекциите на, Канада, Шпанија, Сенегал, европскиот првак Србија и селекцијата на Кина.
Натпреварите на женскиот кошаркарски олимписки тирнир ќе започнат на 6 август со дуелите во групната фаза, која ќе ја минат четирите првопласирани во двете групи кои ќе обезбедат пласман во осминафиналето, а по нокаут фазата, олимпискиот шампионот ќе биде решен по финалето закажано за 20 август.
Трите празни места за машкиот турнир ќе бидат пополнети по квалификациските трурнири кои ќе се играат во белград, Торино и Манила од 4 до 10 јули.