Откако синоќа се одиграа последните два натпревари од четвртфиналната рунда, познати се четирите репрезентации кои ќе разигруваат за медалите на Светското првенство во хокеј на мраз, што се одржува во Москва и Санкт Петербург.
Селекциите на САД и Канада ќе се борат во првиот полуфинален меч. Американците во четвртфиналето беа подобри од Чешка со 2:1, а Канада ја победи Шведска со 6:0.
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Русија и Финска. Домашните хокеари на Русија со 4:1 ја победија Германија, додека Финска беше убедлива во дуелот против Данска која ја победи со 5:1.
Полуфиналните натпревари на хокеарскиот Мундијал ќе се играат утре.