Со одигрувањето на натпреварите синоќа беше комплетирано третото коло од групната фаза на Светското првенство за кошаркарки што се одржува во Турција.
Четирите првопласирани селекции од групите изборија директен пласман во четвртфиналето, а второпласираните и третопласираните ќе играат во осминафиналето.
А група: Бразил – Јапонија 79:56, Шпанија – Чешка 67:43.
Табела: Шпанија 6 бодови, Чешка 5, Бразил 4, Јапонија 3.
Б група: Мозамбик – Турција 54:64, Франција – Канада 63:59.
Табела: Турција 6, Франција 5, Канада 4, Мозамбик 3.
Ц група: Австралија – Белорусија 87:45, Јужна Кореја – Куба 57:73.
Табела: Австралија 6, Белорусија 5, Куба 4, Јужна Кореја 3.
Д група: Србија – Кина 65:63, САД – Ангола 119:44.
Табела: САД 6, Србија 5, Кина 4, Ангола 3.
Денеска во осминафиналето ќе играат: Белорусија – Кина, Србија – Куба, Чешка – Канада и Франција – Бразил.
Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Шпанија, Турција, Австралија и САД, кои следниот натпревар го играат на 3.октомври.
Шампионатот заврши се четири селекции, кои ги загубија трите натпревари во групата: Јужна Кореја, Јапонија, Мозамбик и Ангола.