Познати се двете групи на завршниот Мастерс турнир што од 15. ноември до 22. ноември ќе се игра во Лондон.
Одредувањето на групите беше извршено синоќа со извлекување со тоа што имаше неколку првила при извлекувањето (во иста група неможе да бидат првиот и вториот од ранг листата, исто така и третиот и четвртиот, и слично). На последниот турнир во годината ќе играат најдобрите осум тенисери од АТП ранг листата.
Според тоа во групата „Стен Смит“ ќе играат: Новак Ѓоковиќ (број 1), Рожер Федерер (број 3), Томаш Бердих (број 6) и Кеи Нишикори (број 8), додека во групата „Илие Настасе“ ќе играат: Енди Мареј (број 2), Стан Вавринка (број 4), Рафаел Надал (број 5) и Давид Ферер (број 7).
На првиот ден од Мастерсот на 15. ноември во недела ќе играат: Ѓоковиќ – Нишикори и Федерер – Бердих, додека следниот ден на програмата се мечевите: Мареј – Ферер и Вавринка – Надал.