Репрезентациите на Србија, Порторико, Италија и Хрватска ќе се борат за двете слободни места за кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Рио.
На квалификацискиот турнир што се одржува во Белград, синоќа во полуфиналето, Србија ја победи Чешка со убедливи 96:72. Претходно
Порторико славеше триумф над Летонија со 77:70.
Финалето Србија – Порторико се игра вечер од 21 часот.
Италија го искористи домашниот терен на турнирот во Торино и со високи 79:54 против Мексико се избори за финале каде за противник ќе ја има Хрватска.
Хрватите во полуфиналето беа подобри од Грција со 66:61.
Дуелот Италија – Хрватска е закажан за 21 часот.
Третиот предолимписки квалификациски турнир се игра во Манила на Филипини. Таму двојките за полуфиналето се:
Канада – Нов Зеланд и
Франција – Турција.