Познат руски кошаркар е тешко повреден во Москва

Од:

Никита Шабалкин, познатиот руски кошаркар и европски шампион со својата земја, е тешко повреден во инцидент што се случи во понеделникот во Подмосковље.

Според некои руски медиуми, Шабалкин се здобил со сериозни повреди на главата и е хоспитализиран во локална болница.

Како што пренесува „База“, Шабалкин се степал со сопственикот на пералната, 37-годишниот Спартак Бабајан, кого добро го познава.

Шабалкин, кој со Русија стана европски првак во 2007 година, со крвава глава бил пренесен во болница, а Бабајан отишол во полиција да поднесе пријава против кошаркарот.

Медиумите засега не пренесуваат што ја предизвикало тепачката.

Шабалкин играше до 2013 година, а го носеше дресот на практично сите најсилни руски клубови, ЦСКА, Химки, Динамо од Москва, Локомотив од Кубан и Уникс од Казан.

Би можело да ве интересира

Насилство на скопската обиколница, стопирал со полициска значка од татко му

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Жена истепала продавачка во центарот на Скопје

Тепачка во средно училиште, се истепале двајца малолетници