Познат календарот и распоредот за новота сезона во Евролигата

Од:

Новата сезона од најеминентното европско клупско кошаркарско натпреварување-Евролигата ќе почне на 12 октомври, а ќе заврши на 21 мај следната година.

Натпреварувањето, кое годинава ќе се игра по нов формат, односно, 16-те екипи ќе играат во лигашки дел со 30 кола според принципот секој со секого на домашен и гостински терен, ќе започне на 12 октомври.

Во првата рунда актуелниот шампион ЦСКА Москва гостува во Истанбул кај Галатасарај, додека вицепрвакот Фенербахче пред својата публика го пречекува германскиот шампион Бросе Баскет.

Во останатите натпревари од 1.коло ќе играат: Реал Мадрид – Олимпијакос, Армани Милано – Макаби ТА, Црвена Звезда – Дарушафака, Уникс Казан – Барселона, Панатинаикос – Жалгирис и Лаборал – Анадолу Ефес.

Лигашкиот дел ќе заврши на 7 април 2017 година, по што осумтте најдобро рангирани ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, кое ќе се игра во три добиени натпревари, а победниците ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“ што ќе се одржи од 19 до 21 мај.

Евролигата засега нема донесено одлука каде ќе се игра „Ф-4’’ турнирот, за чија организација досега интерес пројавија Белград, Прага и Москва. Единствено е сигурно дека шампионот ќе се решава на турнирот во мај следната година.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска