Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во терминот од 20 часот, а во кој екипата Еурофарм Работник е апсолутен фаворит во дуелот против Работнички, ќе започне последното коло од машка ракометна Супер лига на Македонија.
Последното 18. коло нема да смени ништо кога во прашање е пласманот на екипите во разигрувањето за шампионскиот трофеј.
Веќе се познати четирите тима кои заедно со бранителот на трофејот Вардар и екипата на Металург ќе разигруваат за титулата, а тоа се Охрид, Борец и двете битолски екипи, Пелистер и Еурофарм Работник.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре и в сабота, а двојките се: Пелистер – Вардар Јуниор, Пролет – ГРК Борец (петок од 18 часот), Радовиш – Охрид и 19.00 Прилеп – Металург 2 (сабота од 19 часот).
Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 37, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург-2 18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.