Шефот на МОК, Жан-Клод Кили изјави дека во среда последната проверка на објектите за Зимските Олимписки Игри во Сочи 2014 година, носи поволни оцени.
Кили додаде дека проверките кои се одржани на 10 објекти се главно позитивни.
„Се гледа одличен напредок, но останува уште доста да се направи“, кажа Кили.
Минатиот месец претседателот Владимир Путин го разреши од својата функција, заменикот на Рускиот олимписки комитет, поради каснење со работата и големи трошоци за изградба на ски скокалниците.