Португалија во оптек ќе пушти монети од 7 евра

Од:

Од 2002 година, кога беше воведено еврото, монетарниот систем на повеќето европски земји стана единствен. Нумизматичарите одамна знаат дека постојат ретки колекционерски или комеморативни монети кои вреди да се зачуваат.

Ваквите ретки примероци брзо можат да вредат и неколку илјади евра, како што е највредната монета од две евра од Монако, која го прикажува портретот на актерката Грејс Кели, а наводно вреди 3.000 евра, пишува магазинот „Феникс“.

Иако овие монети можат да се користат како платежно средство во рамките на Европската унија, тие обично се издаваат во мали серии, што ги прави многу привлечни за колекционерите.

Португалија најави дека ќе пушти нова монета. Паричката од седум евра, која всушност вреди 7,50 евра, е наменета во чест на познатиот португалски спортист.

Секако, станува збор за Кристијано Роналдо, кој е роден на Мадеира, португалски архипелаг во Атлантикот. Таму има дури и музеј посветен на него.

39-годишниот играч постигна вкупно 130 гола за португалската репрезентација и моментално води на ранг-листата на УЕФА како рекорден стрелец.

Сега фудбалерот е почестен со сопствена паричка. Паричката од седум евра е посветена на бројот на дресот на Роналдо.

Централната банка на Португалија, Banco de Portugal, објави дека ќе ја пушти монетата во ограничено издание од само 25.000 парчиња. Може да се купи само во Португалија и преку Banco de Portgual, пишува италијанскиот весник „La Gazzetta di Viareggio“.

Дали оваа специјална монета ќе стигне на пазарот во други земји се уште не е познато.

Би можело да ве интересира

Нема намера да оди во пензија – Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср

А1он

Кристијано Роналдо слави 40. роденден – честитките од Реал Мадрид и Спортинг ќе го воодушеват

А1он

Роналдо сака да стигне до бројка од 1.000 гола, но има уште нешто што повеќе го мотивира

А1он

ВИДЕО: Роналдо во солзи, неутешен по поразот во Купот на кралот

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ