Репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист на Европското првенство во фудбал кое се игра Полска и во Украина.
На „Националниот Стадион“ во Варшава, Португалија ја победи Чешка со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Кристијано Роналдо во 79. минута и ова за него беше трет гол на шампионатот.
Противник на Португалија во полуфиналето во Доњецк ќе биде победникот од натпреварот Шпанија – Франција што се игра задутре.
Утревечерна програмата е второто четвртфинале меѓу Германија и Грција. Натпреварот ќе се одигра на „ПГЕ Арена“ во Гдањск. Судија на овој дуел е Дамир Скомина од Словенија.