„Поршето“ од филмот „Ле Ман/“ оди на аукција

Од:

Компанијата „Годинг“ најави дека на аукцијата ќе го продаде автомобилот „Порше 917К“ од 1970 година, кој му припаѓал на славниот возач Џо Сиферт и кој беше користен за снимањето на филмот „Ле Mан” со Стив МекКвин од 1971 година.

Автомобилот има фасцинантна историја, а првпат се појавил на патеките во 1970 година. Него го возеле Брајан Редман и Мајк Халвуд во текот на тестирањето на Ле Ман. По тестирањето во Европа автомобилот го купил Џо Сиферт.

Тој автомобилот го изнајми на компанијата „Солар Продакшан“, за снимање на филмот „Ле Ман“.

За жал, Сиферт не уживаше долго во своето „Порше“, бидејќи загина во тешка несреќа во 1971 година на трката во Бранд Хеч. Овој автомобил ја предводеше поворката на неговиот погреб.

Автомобилот потоа бил продаден и му се губи трагата се до 2001 година, кога е пронајден паркиран во складиште во близина на Париз.

Реставрацијата е завршена во Швајцарија оваа година, а сега ќе биде продаден на аукција.

Експертите оценуваат дека новиот сопственик треба да плати од 13 до 16 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска