„Порше“ во гамата ќе има седум модели

Од:

Шефот на „Порше“, Матијас Милер, изјави дека негова цел е овој производител во својата гама да има седум модели.

-Со оглед на фактот дека во денашно време животниот циклус на една генерација автомобили изнесува околу седум години, идеално би било да имаме и толкав број модели, рече Милер во разговор за „Auto Motor und Sport“.

-Тоа ќе ни овозможи секоја година да претставуваме нова генерација на еден од овие седум модели, ја објаснува Милер својата идеја.

Според него, шестиот модел во актуелната гама може да биде спортски автомобил што ќе биде позициониран меѓу „Порше 911“ и „Порше 918 Спајдер“, додека место за седмиот модел се чува за помалата верзија на „Панамера“, чиј работен назив е „Панамера Јуниор“.

Кога станува збор за новиот суперавтомобил, Милер соопшти дека „Порше“ нема да брза со неговата реализација, туку внимателно ќе го завршува новиот проект. Тој потврди дека Плуг-ин Хибрид технологијата ќе игра значајна улога во иднината на компанијата.

Новиот, таканаречен Е-Хибрид прво ќе се појави во „Панамера“, за подоцна да биде применет и на два СУВ модели- „Кајен“ и „Макан“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска