Германските екипи Баерн и Алба во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб и Војдан Стојановски синоќа ги загубија натпреварите од 6-то коло од кошаркарската Евролига.
Во првиот натпревар за Баерн Мекејлеб имаше 4 поени и 5 асистенции, додека Стојановски (Алба) натпреварот го заврши со 2 поена и 2 асистенции.
Резултати од 6.коло:
А група: Уникс Казан – Анадолу Ефес 67:64. Жалгирис – Реал Мадрид и Динамо Сасари – Нижни Новгород играат вечерва.
Табела: Реал Мадрид 4-1 (победи-порази), Анадолу Ефес 4-2, Жалгирис 3-2, Нижни Новгород 2-3, Уникс Казан 2-4, Динамо Сасари 1-4.
Б група: ЦСКА Москва – Алба 95:66, Лимож – Макаби 73:79. Уникаха – Цедевита играат вечерва.
Табела: ЦСКА Москва 6-0, Макаби 4-2, Уникаха 3-2, АЛБА 2-4, Цедевита 1-4, Лимож 1-5.
Ц група: Баерн – Барселона 77:99, Туров – Панатинаикос 69:79, Емпорио Армани – Фенербахче Улкер 74:80.
Табела: Барселона 6-0, Панатинаикос 4-2, Фенербахче Улкер 4-2, Емпорио Армани 2-4, Баерн 1-5, Туров 1-5.
Д група: Нептунас – Лаборал 80:79, Олимпијакос – Валенсија 77:76. Галатасарај – Црвена Звезда играат вечерва.
Табела: Олимпијакос 6-0, Црвена Звезда 3-2, Нептунас 3-3, Галатасарај 2-3, Лаборал 2-4, Валенсија 1-5.
Пласман во следната фаза имаат обезбедено трите екипи кои имаат скор 6-0 (победи-порази): Барселона, ЦСКА Москва и Олимпијакос.