Порази на Реал Мадрид и на Олимпијакос во кошаркарската Евролига

Од:

Екипите на Реал Мадрид и на Олимпијакос синоќа претрпеа порази на гостувањата кај Црвена Звезда и Бамберг на дуелите од 14. коло во кошаркарската Евролига. Ова за двата тима е петти пораз.

Во Белград, Црвена Звезда на Реал Мадрид во ниту една четвртина не му дозволи да постигне повеќе од 20 поени и предводена од капитенот Марко Симоновиќ стигна до триумф. Во слична ситуација беше и Олимпијакос, кој на гостувањето кај бундеслигашот Бамберг во двоцифрена негатива беше во најголемиот дел од натпреварот.

Резултати на натпреварите од 14.коло одиграни синоќа: Галатасарај – Анадолу Ефес 76:86, Црвена Звезда – Реал Мадрид 82:70, Жалгирис – Уникс Казан 80:88 и Бамберг – Олимпијакос 82:68.

Вечерва се играат другите натпревари од оваа рунда: ЦСКА Москва – Фенребахче, Дарушафака – Макаби, Панатинаикос – Басконија и Барселона – Милано.

Табела: ЦСКА Москва 12-1 (победи – порази), Басконија 9-4, Реал Мадрид 9-5, Олимпијакос 9-5, Панатинаикос 8-5, Фенербахче 8-5, Дарушафака 7-6, Анадолу Ефес 7-7, Црвена Звезда 6-8, Макаби 5-8, Барселона 5-8, Бамберг 5-9, Жалгирис 5-9, Уникс 5-9, Милано 4-9, Галатасарај 4-10.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска