Пораз на македонските кошаркари од Велика Британија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Кавадарци го претрпе и третиот пораз во групата од квалификациите за Евробаскетот 2017 и со тоа ги загуби шансите за пласман на Европското првенство. Македонија загуби од Велика Британија со 89:62. По четвртини: 21:14; 23:16; 23:23 и 22:9.

Противникот во текот на целиот натпревар беше подобрата екипа и имаше водство и сосема заслужено стигна до победата. Во македонската репрезентација најефикасни беа Кирил Николовски со 17 и Војдан Стојановски со 15 поени, додека Даниел Кларк од Велика Британија со 21 поен беше најефикасниот на дуелот.

На вториот натпревар од групата Г Унгарија го победи Луксембург на гости со 68:65. Со оваа победа Унгарија го освои првото место во групата и обезбеди пласман на Европското првенство.

Табела: Унгарија 10 бодови, Велика Британија 8, Македонија 7, Луксембург 5.
Во последното коло во сабота Македонија игра против Унгарија во Шолнок.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ