Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва доживеа пораз од селекцијата на Србија во првиот од двата контролни натпревари. Србија победи со 35:29. Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“ и беше од затворен тип.
Селекцијата на Србија подобро одиграла во вториот дел кога е и обезбедена победата.
Вториот контролен натпревар избраничките на селекторот Симе Симовски ќе го одиграат утре претпладне во СЦ „Јане Сандански“. Овие натпревари се дел од неделата на ЕХФ, а за Македонија ова е подготовка натпреварите со Шведска од баражот за Светското првенство во Германија што ќе се играат во јуни месец годинава.