Македонскиот кошаркарски тим во АБА лигата Карпош Соколи загуби на своето деби во ова натпреварување откако попладнево Крка на домашен терен победи со 81:64. Резултат по четвртини: 28:16; 26:14; 13:20 и 14:14.
Слабата игра во одбраната во првото полувреме и примените 54 поени се причината за поразот на Карпош Соколи на гостувањето во Ново Место. Во вториот дел нашиот тим беше подобра екипа, но немаше сили за пресврт на натпреварот.
Најефикасен на дуелот беше Марко Луковиќ со 19 поени, додека кај Карпош Соколи најефикасен беше Драган Зековиќ со 13 поени.
На дуелот од 1.коло вчера македонскиот првак МЗТ Скопје загуби на гостувањто кај Црвена Звезда со 91:69.