Поранешен сметководител на Берлускони е нов претседател на Серија „А“

Од:

Серија „А“ официјално го објави назначувањето на својот нов претседател Ецио Марија Симонели. Тој ќе го наследи досегашниот шеф на фудбалската лига, Лоренцо Казини.

По првото гласање на 9 декември, на кое Симонели доби 13 гласа, денеска се одржа вториот круг, по што беше донесен конечен избор.

Така, 66-годишниот, новоизбран претседател, победи во вториот круг со 14 гласа, што беше доволно да ги претекне двајцата противници Паоло Дал Пино (12 гласа) и Казини (11 гласа).

Ова е негов прв мандат на слична функција во спортскиот менаџмент, откако двапати ги загуби изборите за шеф на Серија „Б“ во 2013 и 2021 година.

Патот на кариерата на Симонели беше доста разновиден. Дипломирал економија и трговија на Универзитетот во Перуџа и првично работел како новинар фриленсер.

Најинтересниот дел од неговата визит-карта е поврзан со периодот како сметководител на покојниот Силвио Берлускони.

Во последните години беше претседател на Одборот на ревизори на медиумската компанија „Медиасет“, како и соработник во неговата адвокатска канцеларија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Пеколните температури би можеле да го одложат почетокот на сезоната во Серија А

Италијаската федерација сè уште не планира да го одложи натпреварот од Суперкупот меѓу Интер и Јувентус

Катерина Ѓуровски

Речиси стопроцентна вакцинираност во италијанската Серија А

А1он

Претседателот на Серија А: Политичарите во Италија го мразат фудбалот, тоа е очигледно

А1он

Бобан Николов може да игра во Серија А, на чекор е до трансфер во Салернитана

Жарко Настоски