Поради публиката на натпреварот со Еуро Никел, МЗТ Скопје доби казна од 42 илјади денари

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за првиот меч од финалната плејоф-серија со Еуро Никел (83-81), одигран во средата во „Јане Санднаски“, од комесарот за натпреварување на КФМ е казнета со вкупни 42.000 денари. Најголем дел од сумата или 30.000 денари се однесува на „загрозување на јавното здравје и здравјето на учесниците во натпреварот“, додека остатокот е поради наводна „слаба организација и слаба редарска служба“.

На натпреварот имаше публика на речиси цела една трибина поради што имаше неколку прекини во кои официјалните лица се обидуваа преку редарската служба да ја испразнат салата.

МЗТ Скопје добил и предупредување дека на следниот натпревар од финалната серија со Еуро Никел закажан за утре смее да присуствуваат само по 30 лица од двата клуба вклучувајќи ги и играчите и стручниот штаб. Во спортивно како што се вели во образложението од комесарот на КФМ, натпрварот нема да почне. Според протоколот на Федерацијата воведен поради пандемијата на коронавирусот ова е бројката на дозволени присутни на натпреварите во кошаркарското првнество.

Би можело да ве интересира

Нема храна од утре за вработените во „Еуроникел индустри“

Синдикатот во ,,Еуроникел индустри” на протести без запирање на производствениот процес, бара подобрување на социјалниот статус

Пораз на МЗТ Скопје од Партизан со неверојатни 53 поени разлика

МЗТ Скопје Аеродром потпиша со талентираниот Андреј Андоноски

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он

Радуловиќ: Далеку сме од идеалната форма, претстојната сезона ќе нема изразит фаворит