Полуфинале за Ѓорческа и Грабул

Од:

Македонските тенисери имаа успешен настап во четвртфиналните дуели на фјучрс турнирите. Лина Ѓорческа во Варна ја победи Габриела Талаба од Романија со 6:3 и 6:3 во двата сета. Нашата тенисерка имаше четири брејка, а Талаба само еден. Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против втората носителка Изабела Шиникова од Бугарија.

Димитар Грабул во Сокобања оствари победа над четвртиот носител Мики Јанковиќ од Србија со 6:3 и 6:3 во двата сета. Во вкупниот број поени Грабул освои 61, а Јанковиќ 43. Утре во полуфиналето противник ќе му биде Дејан Катиќ (7.носител). Лани на истиот турнир во Сокобања Катиќ постигна победа од 2:0 во сетови над Грабул во 2.коло.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров