Некогашниот светски шампион во тешка категорија повторно ќе се најде на суд, откако еден полски промотер одлучи да го тужи за измама, побарувајќи отштета од 68.000 долари.
Кариерата на Мајк Тајсон беше исполнета со контроверзии, па така и не изненадува многу веста која доаѓа од Полска за новата тужба на сметка на боксерската легенда.
Овој пат тој е тужен од страна на боксерскиот промотер Томаж Бабилонски, кој наводно имал договор со Тајсон тој да се појави на еден боксерски спектакл во Варшава минатата година. Американецот не се појавил, иако имал потпишано договор со агенцијата на Бабилонски.
Сега тој од Тајсон и неговиот менаџер бара отштета од 48.000 долари, како и дополнителни 20.000 долари за покривање на судските трошоци од страна на Американецот, на кого според неговите зборови Полјакот му имал платено и авионски билет.