Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Од:

Натпреварот од Суперкупот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај нема да се игра во Ријад откако изби еден вид политички скандал.

Натпреварот требаше да започне во 18 часот и 45 минути, но организаторите не им дозволија на екипите да ги облечат маичките на Мустафа Кемал Ататурк за време на загревањето.

На овој начин Саудиска Арабија ги навреди претставниците на турските гиганти, а по кризниот состанок натпреварот беше откажан.

Фенербахче и Галатасарај сакаа да му оддадат чест на Кемал Ататурк по повод стогодишнината од основањето на Турција, но Саудијците тоа не им го дозволија.

На средбата присуствуваа министерот за спорт на Турција Аскин Бак, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Турција Мехмет Бујукекси и претседателите на Фенербахче и Галатасарај Али Коч и Дурсун Озбек, а сега се очекуваат и официјалните соопштенија на клубовите.

Би можело да ве интересира

Словенецот Славко Винчиќ ќе ги смирува страстите на турското фудбалско дерби Галатасарај – Фенербахче

А1он

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места