По интервенција спречен е поголем инцидент меѓу кошаркарите на Партизан и навивачите на Црвена Звезда. Четвртото вечно дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда сезонава не можеше, а да не мине без инцидент.
На средбата одиграна вчеравечер во Железник, а во рамките од 12 коло на српската кошаркарска Супер лига, навивачите на Црвена Звезда со бакљи ги гаѓаа кошаркарите на Партизан.
Во моментот кога црно-белите ја прославуваа победата со своите симпатизери, од спротивната трибина каде се наоѓаа навивачите на Црвена Звезда беа фрлени бакљи кон кошаркарите на Партизан.
Сепак, по брзата интервенција на српската полиција спречи поголем инцидент, јавуваат тамошните медиуми. Полицијата морала да интервенира и надвор од салата во Железник, каде во неколку наврати е спречен судир меѓу двете навивачки групи.
Инаку дербито за прв пат сезонава го доби Партизан и тоа по продолжение со 82:78.