Пол-позицијата на „Ред Бул ринг“ за Ботас

Од:

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас го освои првото место на денешните квалификации за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австрија.

Во првиот ред веднаш зад Ботас на утрешната главна трка ќе тргне Себастијан Фетел од Ферари.

Трето време во квалификациите имаше Луис Хамилтон од Мерцедес, но тој е казнет поради недозволена смена на кутијата на менувачот и поради тоа е поместен на осмата позиција.

Така третата стартна позиција му припадна на Кими Раиконен (Ферари), а по него следува тандемот на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен.

Шестото и седмото стартно место се за Роман Грожан и Серхио Перес од Форс Индија, а по Хамилтон, од петтиот ред (9. и 10.место) ќе стартуваат Естебан Окон и Карлос Саинс од Торо Росо.

Главната трка на патеката „Ред Бул ринг“ во близина на градот Шпилберг ќе почне утре од 14 часот.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур