Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ја зазеде првата позиција пред утрешната трка од МОТО ГП шампионатот за Големата награда на Австралија.
Маркез, кој минатиот викенд ја обезбеди својата трета титула од овој шампионат, оствари време од 1:30:189, и зад себе ги остави Кал Крачлоу и Пол Еспергаро.
Шпанецот и покрај обилните врнежи дожд одлучи да ризикува и да вози со гуми за суво време, што на крај се испостави како вистински потег, успевајќи да стигне до својата 65. пол позиција во кариерата.
Трката за Големата награда на Австралија ќе се одржи утре со почеток од 07:00 часот, а возачите на јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси ќе стартуваат од 12. односно 15. позиција.