Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон имаше најдобро време на денешните квалификации за Големата награда на Азербејџан.
Тоа за него е вкупно 66. пол позиција во кариерата, со што го мина легендарниот Аиртон Сена (65), а пред него се наоѓа Михаел Шумахер (68).
До првата позиција Хамилтон стигна откако во последниот круг постигна најдобро време и за зад себе го остави клупскиот колега Валтери Ботас.
Зад нив двајца ќе бидат двата болида на Ферари со Кими Раиконен и Себастијан Фететл.
Во генералниот пласман води Фетел со 141 бод, пред Хамилтон со 129.
Стартот на утрешната трка во Баку е во 15 часот.