Пол Џорџ: Моја должност е да им донесам трофеј на Клиперс

Од:

Кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ изјави дека е посветен да му ја донесе титулата на клубот од Лос Анџелес.

Џорџ имаше лош учинок во плејофот во 2020 година. Во вонсезоната, клубот му понуди на играчот максимално продолжување на договорот до 2025 година.

-Моја должност е да им донесам трофеј на Клиперс. Ќе направам максимални напори да ја остварам оваа цел. Бев сигурен во себе каде сакав да бидам. Сакам да сум тука. Го сакам семејството што го создадов во првата година. Ова е местото каде што сакам да ја поминувам кариерата. Тука е моето наследство и каде што сакам да оставам највидлив белег, рече Џорџ.

Триесетгодишниот Џорџ, претходно има настапувано уште во други два НБА-лигаши, Оклахома сити и Индијана пејсерс.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он