Погба се избори со коронавирусот и повторно тренира со тимот

Од:

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, целосно се опорави од коронавирусот и продолжи со тренинзите со тимот, објави веб-страницата на „црвените ѓаволи“. 27-годишниот Французин беше тестиран позитивен на коронавирус кон крајот на август и беше принуден да ги пропушти натпреварите на Лигата на нации на Франција против Шведска и Хрватска.

Во моментов Погба е целосно здрав, но неговото учество на натпреварот од второто коло во Премиер лигата против Кристал Палас на 19 септември е доведено во прашање. „Црвените ѓаволи“ денеска требаше да играат со Барнли во првото коло, но натпреварот беше одложен.

– Погба пропушти неколку тренинзи поради коронавирусот, но никогаш не му требало долго да влезе во форма. Се надевам дека е подготвен за следниот викенд, но не сум 100% сигурен, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Би можело да ве интересира

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му

Погба мора да оди на операција и ќе го пропушти Светското првенство во Катар

Војна во семејството Погба – мајката против постариот син Матијас: Тој сака да го уценува Пол!

Рајола најави можно враќање на Погба во Јувентус

А1он