Погба официјално се врати во Јувентус

Од:

Пол Погба официјално се врати во Јувентус. Погба пред шест години од Јувентус се пресели во Манчестер јунајтед, сега по втор пат дојде во Торино како слободен играч. Во 2016 година, Јунајтед постави клупски рекорд, кога за трансферот на Погба издвои 105 милиони евра.

Погба се поврзуваше со Реал Мадрид и ПСЖ, на крајот реши да се врати во клубот каде ја стекна фудбалската слава. Францускиот фудбалер прифати значително помала плата од онаа што ја имаше во Манчестер јунајтед и што можеше да ја добие на некое друго место.

Во Јунајтед заработуваше 14 милиони евра годишно, во Јувентус неговата годишна плата изнесува осум милиони евра.

Погба играше за Јуве од 2012 до 2016 година и во тој период постигна 34 гола на 178 натпревари, освои четири титули во италијанскиот шампионат, два во Купот на Италија и еден во Суперкупот на Италија.

Со Јунајтед ја освои Лига Европа и Лига купот.

Погба е второто големо засилување за средниот ред на Јувентус ова лето, претходно во клубот пристигна Аргентинецот Анхел Ди Марија, исто така како слободен играч.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ