Германецот Лукаш Подолски во следните три сезони ќе го носи дресот на Галатасарај. Висината на трансферот изнесува 1.8 милиони фунти.
Подолски во 2012 година од Келн замина во редовите на премиерлигашот Арсенал за 11 милиони фунти и на 82 натпревара постигна 31 гол. Со Арсенал го освои и ФА купот во 2013 година.
Ланската сезона во вториот дел ја заврши како позајмен играч во Интер од Милано, откако го загуби статусот првотимец кај менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер.
Подолски договорот со шампионот на Турција Галатасарај ќе го потпише откако ќе ги мине лекарските прегледи.