Подметнат пожар на стадионот „Максимир“ во Загреб

Од:

На стадионот „Максимир“ е подметнат пожар при што е причинета материјална штета, истакнаа попладнево од Динамо Загреб.

„Ја известуваме јавноста дека во вечерните часови во четвртокот, на стадионот „Максимир“ кај билетарницата е подметнат пожар од непознат сторител, при што е предизвикана материјална штета. Со интервенција на службата за обезбедување, пожарот е изгаснат, а за инцидентот се известени и полицијата и противпожарната служба“, се наведуваат во соопштението на загрепските „модри“.

Би можело да ве интересира

41-годишен маж од Скопје осомничен дека го подметнал пожарот во Адвокатката комора

Обвинителот Џелал Бајрами се надева дека брзо ќе бидат откриени оние што му го запалија автомобилот

Опожарен дуќан на советникот од ДУИ Фитор Јакупи, запален автомобил на обвинител

Катерина Ѓуровски

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он